Сите 20 патници од авионот Јункерс Ју-52 кој вчера се урнал на југоисток во Швајцарија се загинати, соопшти швајцарската полиција. Загинале 11 мажи и девет жени, претежно жители на Швајцарија.
Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју Ер“ која нуди туристички патувања во поранешни швајцарски воени авиони.
Полицијата смета дека истрагата ќе биде „многу комплицирана“ бидејќи од авионот не бил испратен повик за помош.
Како што известуваат медиумите, меѓу загинатите се 17 швајцарски државјани и тричлено семејство од Австрија. Станува збор за авион од типот јункерс Ју-52 од Втората светска војна, а летал од Локарно до Дебендорф кај Цирих.
Причината за падот сѐ уште не е утврдена.
Авиокомпанијата Ју-ер е основана во 1982 година и нуди разгледувања, чартер и авантуристички летови со своите три авиони јункерс, кои на времето му припаѓале на швајцарското воено воздухопловство.
Ју-ер поседувала четири авиони од овој вид, набавени во 1939 година од швајцарската воена авијација. Компанијата егзистира врз основа на донации на авијациски ентузијасти, а историските авиони ги летаат цивилни или воени пилоти кои работат без надомест.
Германски авион од Втората светска војна се урна во планините во источниот дел од Швајцарија при што загинале сите 20 патници, соопшти швајцарската полиција.
Властите соопштија дека во несреќата загинале 11 мажи и девет жени, повеќето од Швајцарија, пренесе новинската агенција Асошиејтед прес. Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју ер“, која нуди туристички патувања со постари модели на воени авиони.
Официјални претставници изјавија дека авионот не испратил повик за помош и наведуваат дека истрагата за причината за несреќата ќе биде прилично комплицирана. Даниел Кнехт од швајцарската Агенција за безбедност во сообраќајот, соопшти дека според наодите авионот удрил во земјата речиси вертикално и тоа при голема брзина.
Полицијата најави прес-конференција на која ќе бидат соопштени детали за несреќата. Авионот марка Јункерс ЈУ52 ХБ-ХОТ, со три мотори, бил произведен во 1939 година во Германија.
Авионот се урнал додека летал на височина од 2.540 метри во кантонот Граубинден. Тој полетал од југот на Швајцарија и требало да слета на воен аеродром во близина на Цирих.
Медиумите објавија дека сите места на летот биле резрвирани, што значи дека во падот загинале 20 лица. Очевидци од еден планинарски дом изјавиле дека авионот направил ненадејно свртување непосредно пред падот и додале дека по ударот на леталото во земјата не чуле експлозија.