Најмалку 20 лица се повредени денеска при уривање на патнички авион во близина на главниот град на Јужна Африка, Преторија, соопшти локалната служба за справување со вонредни состојби.

Во соопштението се посочува дека едно од повредените лица при падот на авионот се наоѓа во критична состојба.

Службата информира и дека не е познато колку точно лица имало во авионот во време на уривањето,

Причините за падот на авионот засега не се познати.