На денешната прес конференција на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.
– Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, кажа д-р Александар Петличковски.
Сепак, Петличковски и Мехмедовиќ потенцираат дека за учениците останува изборот за носење на маска.
– Ученикот нема обврска за носење на маски во училиштата. Но, ако некој сака да носи маска, тоа е негов личен избор. Тоа е затоа што имаме мирна состојба периодов со корона вирусот. И додека здивнуваме, ќе се посветиме на рекламирање на вакцинацијата затоа што тоа е единствен лек за да се спречи ширењето на корона вирусот. Ние не знаеме што ќе се случи по еден месец и мора да реагираме навреме, рече Петличковски.