Минатата 2020 година, во Македонија починале вкупно 25 049 лица (според кварталните податоци на Државниот завид за статистика).
По тримесечија, тоа изгледа вака:
-во првите три месеци од 2020 година, починале 5 101 лице а тоа било за 9,4 отсто помалку од истиот период во 2019 година;
-во вториот квартал – април, мај, јуни – починале вкупно 5 064 лица или 6,4 отсто повеќе од истиот период во 2019 година;
-во третиот квартал – јули, август, септември – починале 5 419 лица или 15,9 отсто повеќе од 2019 година;
-во четвртиот квартал – октомврим ноември, декември – починале дури 9 465 лица, што е повеќе дури за 89 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, но според ДЗС тоа се должи на доцнењето на извештаите за починати во претходните месеци. Тоа значи дека во овој квартал има помалку починати, но во претходните има повеќе.
Се на се, тоа се вкупно 25 049 починати лица во 2020 година во Република Македонија.
Една година пред тоа, во 2019 година, во Македонија починале 20 466 лица (тоа е всушност долгогодишна бројка на починати во РМ – околу 20 000 лица).
Разликата е 4 583. Значи во 2020 година, во Македонија имало 4 583 починати лица повеќе отколу претходната година, а проекциите, односно очекувањата биле дека таа бројка ќе биде приближно иста.
Д-р Вело Марковски, вчера вечер во емисијата со Искра Коровешовска истакна дека тоа е прекумерна смртност од 22,7 отсто, што е двојно повеќе од земји како, на пример, САД и Белгија кои имаат по 12 отсто прекумерна смртност, а се на врвот на табелата. Ние имаме двојно повеќе.
Кога од таа бројка на 4 583 повеќе починати лица ќе се извади бројот на починати од Ковид 19 во 2020 година, а кој на 30 декември 2020 година изнесувал 2 488 починати лица, се добива податокот дека настрана епидемијата која ни донела окоу 2 500 повеќе мртви, ние имаме уште 2 095 лица повеќе починати во однос на 2019 година од други болести.
Тоа се должи на две причини: или Филипче и компанија лажеле за починатите од Ковид 19 или пак, што е поверојатно, тоа се должи на затвореноста на здравствениот систем поради што луѓето останаа без регуларната здравстена заштита што довело до поголема смртност. А сето тоа треба да се истражи до крај и за тоа треба да има судски процеси. За жал, тоа ниту сега, ниту во иднина нема да се случи, сеедно дали власта ќе се смени, а секогаш тоа ќе се случи, макар само по себе.
ВКУПНО 2020
31 декември 2 465 од Ковид
2019 година соопштение на ДЗС во јуни 20 466
ПОВЕЌЕ 4 583 кога ќе с еизвадат шочинатите до ковид имаме 2 127 повеќе
ПРВО ТРИМЕСЕЧИЕ 2020 5 101 лице -9,4
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 8.0 % и изнесува 4 191 живородено дете.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2020 година бележи намалување од 9.4 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 101 лице, а од нив 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува -910, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 17.1 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2 229 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 297 извештаи за разведените бракови.
ВТОРО ТРИМЕсЕЧИЕ 5 064 +6,5
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 3.0 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 064 лицa, а од нив умрени доенчиња се 51.
ТРЕТО ТРИМЕСЕЧИЕ
5 419 + 15,3 отсто
ЧЕТВРТО ТРИМЕСЕЧИЕ 2020 9 465 +89,1 отсто
Како последица на пандемијатa со КОВИД-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.