Најмалку 35 лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа денес откако се урна дел од мост на автопат во италијанскиот град Ѓенова. Италијански владини претставници рекоа дека во тек е спасувачка операција и оти бројот на жртвите ќе се зголемува.

Се стравува дека во урнатините има уште десетици загинати. Во амбисот сосе авотмобилите и камионите се урнале и десеитици тони железо, бетон и асфалт. Местото на несреќата се опишува како апокалипса.

Во првите реакции на политичарите сите се ужаснати од несреќата, но критикуваат дека таква важна сообраќајница не смеела да биде изградена на начин кој не обезбедува сигурност. Притоа се посочува проблемот со слабото одржување на инфраструктурата во Италија.

Аквадуктот се урнал врз куќи, кои за чудо се наоѓале токму под аквадуктот. Пожарникарите кои дошле на местото на несреќата кажуваат дека повеќе автомобили паднале во амбисот длабок 40 метри, откако мостот ненадејно се урнал во услови на силна бура проследена со обилни врнежи. На Твитер полицијата несреќата ја поврза со невремето.

Очевидци велат дека околу 11.30 часот во големо невреме силна молња го погодила аквадуктот. Затоа во моментов и се поставува прашањето дали таа молња била толку силна што можела да урне таква грдосија, или, пак, во прашање е некоиј инжењриски пропуст при неговата реконструкција.

Цели 100 метри од виадуктот, кој тој дел на Италија ја поврзува со јужна Франција, се урнати.

Италијанската телевизија покажа снимки од местото на несреќата. Станува збор за автопатот А10 изграден во 1960 година. На таа делница во 2016 година била изведена реконструкција.

Владини претставници пред малку објавија дека станува збор за „голема трагедија“.