Претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече денес дека Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи како одговоор на зголемените царини наметнати за турскиот увоз, како и заради контроверзите околу пасторот Ендру Бренсон кој е уапсен од турските власти.

-Воведуваме бојкот на електронските производи. Ако тие имаат ајфони, од другата страна постои и „самсунг“ – рече Ердоган во говор одржан во Анкара.

Ердоган додаде дека Турција презема и други мерки со цел да се одбрани национaлата валута лирата и најави дека ќе го одржи политичкиот курс и оти нема „да се повлече пред непријателот“.