Најмалку 13 лица се повредени во вчерашната експлозија на бомба во центарот на францускиот град Лион, изјавија официјални лица.
Според париски „Монд”, кои се повукуваат на изворите од истрагата, повредените не се во животна опасност, додека антитерористичката единица од Париз ја презела истрагата за експлозијата.
Претседателот Емануел Макрон ја оквалификува експлозијата како „напад”.
Полицијата трага по маж поради сомневање дека оставил велосипед со пакет бомба во близина на пекарница каде се случи експлозијата, објави Монд.