Бројот на жртвите во несреќите предизвикани од обилните врнежи во различни провинции на Пакистан се искачи на 18, јави Анадолија.

Според локалните медиуми, обилните дождови во различни делови на земјата предизвикаа вистинска катастрофа и бројни несреќи.

Властите соопштија дека три куќи во регионот Торгар во провинцијата Хајбер Пактунхва целосно се урнале, при што загинаа 11 лица. Наведувајќи дека напорите за потрага и спасување продолжуваат, властите изразија стравување од можно зголемување на бројот на жртвите.

Поплавите низ целиот регион оштетија многу куќи и земјоделско земјиште.

Во последните два дена, седум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во катастрофи и несреќи предизвикани од обилните дождови во државата Пенџаб.