Пакистан соопшти дека е постигнат напредок во преговорите меѓу САД и Иран за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, пренесе ДПА.
По телефонскиот разговор со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пакистанскиот министер за надворешни работи, Исхак Дар изјави дека „двете страни го поздравуваат напредокот постигнат преку континуирана дипломатска работа“.
Дополнително, двете страни „ја изразуваат надежта дека овие напори наскоро ќе доведат до трајно разбирање и мирно решение“, се наведува во соопштението на кабинетот на пакистанскиот министер, објавено на платформата Икс.
САД и Иран во последните недели комуницираат со посредство на Пакистан. Во април американски и ирански претставници одржаа средба во Исламабад.




