Во Пакистан вакцинацијата против Ковид-19 е веќе задолжителна за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, чекор насочен кон имунизација на 70 милиони луѓе во земјата до крајот на годината, јави ДПА.
Одлуката е донесена од Националниот оперативен центар – орган надлежен за одговор на пандемијата во државата.
„Сите вработени во јавниот сектор ќе мора да бидат вакцинирани до 30 јуни“, се вели во соопштението на Центарот, без да се утврди краен рок за приватниот сектор.
Пакистан, со 220 милиони жители, почна кампања за вакцинација во февруари, првично соочена со недоверба во јавноста и недоволно снабдување со вакцини, но масовната имунизација е од минатиот месец.
Речиси 300.000 луѓе се регистрираат на вакцинација секој ден.