Пакистан денеска на индиските власти им го предаде заробениот командант на индиските воздухопловни сили Абхинандан. Тој беше притворен во Пакистан откако во средата беше соборен неговиот авион во судирот на индиските и пакистанските воздухопловни сили долж спорната граница во регионот Кашмир.

Подоцна, пакистанскиот премиер Имран Кан најави ослободување на пилотот со цел смирување на тензиите.

Индија и Пакистан се во период на најголем судир во последните години, каде светските сили посредуваат за да спречат ескалација на тензијата меѓу земјите, кои од стекнувањето на независност во 1947 година воделе дури три војни.