САД поништија визи за 49 луѓе поврзани со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти Стејт департментот.

Цел на потегот е да се засили притисокот врз Мадуро да се повлече од функцијата.

Стејт департментот соопшти дека рестрикциите за визи се воведени за „поединци одговорни за загрозување на демократијата во Венецуела“ и дека таквата политика ќе биде применета за сите „официјални лица поврзани со Мадуро како и нивните семејствта“.

Претходно беа воведени санкции за шест високи венецуелски официјални лица задолжени за безбедноста поради попречување на испорака на хуманитарна помош.