Многу реакции имаше по вчерашната информација дека дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи на Македонија ќе добијат фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски.
И најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, и до неодамна член на репрезентацијата на Македонија, реагираше на оваа одлука на министерството со кое раководи, Бујар Османи.
– Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши, напиша Пандев на Инстаграм.