Македонската фудбалска репрезентација утринава го одработи последниот тренинг во Скопје и замина за Порто, каде во вторник ја очекува финалниот бараж натпревар со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.

Премиерот Димитар Ковачевски ги испрати фудбалерите на скопскиот аеродром и им вети премија од половина милион евра доколку се пласираат на Мундијалот.

Имињата на Португалија не треба да ги плашат нашите фудбалери. Германија и Италија исто така беа поквалитетни противници, но загубија од Македонија. Очигледно е дека на репрезентацијата не и е потребна самодоверба, тоа го имаме, бидејќи двете најголеми победи во историјата ги остваривме на гостински терен. И финалниот бараж за Европското првенство против Грузија го игравме на гости, па овој тим веќе е зрел за предизвиците.

Главен судија на натпреварот на стадионот „Драгао“ ќе биде Англичанецот Ентони Тејлор. Интересно токму овој абитар ја делеше правдата на финалниот бараж со Грузија за пласман на континенталниот турнир, па можеби и овој пат ќе биде таличен за Македонија во обидот да стигне до „виза“ за Катар.