Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, со чии заслуги Македонија учествуваше на прво Европско првенство, на селекторот Благоја Милевски му порача: Замолчи!
Пандев на својот Инстаграм профил му испрати симболична порака на селекторот Милевски, по констатација дека „сме биле на добар пат“.
– Без разлика на сите проблеми, мислам дека сме на вистинскиот пат, рече покрај другото Милевски, во анализата на севкупната состојба во националниот тим по поразот од Бугарија и падот на третото место во групата, иако пред стартот на циклусот бевме фаворити за првото место.
Доскорешниот македонски репрезентативец Пандев, кој има 122 настапи и 38 голови за репрезентацијата на Македонија, стави три емотикони кои означуваат „замолчи“.
Синоќа, како што е веќе објавено, Македонија во Скопје изгуби со 1:0 од репрезентацијата на Бугарија.