Секојдневното објавување на нови детали од големата криминална афера Рекет, која ја потресува Македонија, не престанува да предизвикува коментари на социјалните мрежи.
Едни се загрижени за иднината на СЈО, а други за тоа што СЈО и го направи на Македонија и Македонците.
– Рекетарот на мојот рекетар е и мој рекетар- гласи коментирот на аналитичарот и поранешен пратеник, Александар Пандов, како парафраза на познатата „пријателот на мојот непријател…“
Тој со својата објава на Фејсбук објавува и „табло“ како илустрација на својот коментар.