Поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, како повеќе да е „загрижена“ за иднината на СЈО, отколку од криминалот што го произведе тоа.

Таа за ТВ Телма вели дека целта на бизнисменот Јордан Камчев е да се уништи СЈО и да се спасат криминалците.

– Тоа е целта на овој човек, Орце, што го има целото ова направено. Тој сака да оневозможи СЈО да работи. Зошто ги дава парите? И зошто потоа оди да пријави? За да настане таков „лом“ за да оневозможи работа на СЈО. И одат на линија дека редовното обвинителство не може да ја преземе работата на специјалните обвинители. А зошто е формирано СЈО. Па да ги разреши тие криминални дејствија, вели за Телма поранешната судијка во Стразбур, Цаца Николовска.

Така грижата за криминалот во минатото изгледа многу поголема од криминалот и рекетот што го спроведува институцијата која треба да го разрешува криминалот и притоа прави многу поголем, а од ЕУ доаѓаат вести дека Македонија е единствена земја во Европа во која се врши политички прогон на неистомисленици.