Слобода за братот Горан Ангелов – Ќосето и сите патриоти и уставобранители што гнијат по македонските затвори и притвори, порача поранешниот пратеник и политички аналитичар Александар Пандов, во контекст на актуелните настани околу криминалната афера Рекет.

– Ги осудија како терористи, а врвен сведок им беше Нинџа. Веднаш беа притворени, а осудени се на по 12, 15 и 18 години робија. Вилма Рускоска им беше обвинителка, братучеда му на главниот и одговорен уредник на 1ТВ. Истата во Спире Ристовски гледа терорист и веќе не знам колку месеци го држи во Шутка, а Кабранов кој беше гз и гаќи со Боки појма немал од каде доаѓаат парите во телевизијата. Или оваа е таа правдина кога мафијата раководи со државата?- прашува Пандов во објавата на својот профил на Фејсбук која ја завршува со хаштагот НемаПравдаНемаМир.