По апсењето на раперот Пи Диди, скандалите продолжуваат да се трупаат еден по друг, а ова е најновото.
Против раперот во последните месеци беа поднесени бројни тужби, во кои се споменуваат неговите забави на кои тој, како и неговите соработници, сексуално злоставувал жртви и ги снимал. Едно такво видео наводно се препродава деновиве, а во видеото се појавува машка славна личност.
Човекот е „згрозен“ од видеото кое наскоро би можело да биде објавено. Извор за New York Post изјавил дека целата ситуација е „тотален кошмар“ за ѕвездата.
“Ова е предавство и повреда на жртвата и предизвикува многу проблеми. Враќа некои вознемирувачки и лоши спомени. Како да бил жртва пред години, а сега повторно е жртва, така се чувствува. Ако ова видео излезе, ќе го следи до крајот на животот, засекогаш ќе биде на интернет“, рече изворот.
„Не може многу да направи ако видеото е снимено без негово знаење и некако излезе“, рече тој. Тој додаде дека славната личност, чие име не е познато, се обидува да ја игнорира заканата дека видеото ќе биде објавено.
Не е познато дали машкото лице било жртва на сексуален криминал или возрасно лице во моментот на снимањето на видеото. На видеото наводно се гледа како Комбс има секс со машката ѕвезда. Засега не е потврдено дали снимката е една од веќе запленетите од имотот на Диди.
Диди моментално е во притвор во Бруклин и се соочува со максимална казна доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен.