Оваа Влада сака да затскрие сторен криминал и така помина Кривичниот законик, а законот за амнестија по скратена постапка пристигна вчера и пракса е веднаш да се на дневен ред но не беше ставен што е малку чудно. Веројатно се чека СДСМ конечно да донесе став за истиот дали ќе е за или не, бидејќи има различни ставови, рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Студио 10 на телевизија 24.
Панова укажа дека е многу јасно оти во Владата нема единствен став по овој закон.
-Димитар Ковачевски рече ќе поднесува амандмани, Оливер Спасовски дека е против, Кренар Лога е решен да помине бидејќи очигледно го ветил на поединци. Судбината на истиот не се знае, но едно е јасно ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира тоа е закон да амнестира криминал во државата. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е недозволиво, кажа Панова.
Пратеничката Панова појасни дека самиот закон за амнестија вели дека ќе вбидат ослободени и лица кои не почнале со служење казна затвор.
-За какво растеретување станува збор кога законот вели дека се однесува и на оние кои не почнале со издржување на казна затвор. Како ќе се подобрат условите ако во моментот чекаат да влезат во затвор 2000 луѓе, а ќе излезат околу 280 луѓе согласно ова законско решение. Пробацијата во македонија воопшто не функционира, и ако сакаше министерот да растеретува затвори требаше да работи на тоа да профункционира системот на пробација, изјави Панова.
Според Панова ако Владата сакала да ги подобри условите можела да го направи тоа до сега.
-Во 2010 е потпишан договор со банката за развој за реконструкција и биле определени 46 милиони евра, од заемот се повлечени само 21 милион евра и тоа во периодот на ВМРО-ДПМНЕ. Во време на актуелнава Влада нема ништо направено на овој план. Единственото нешто што треба да го направите е да направите план за тоа како да се подобрат условите. Ние сме држава во која има 386 избегани лица од затворите, нема казни за избеганите лица што значи се поттикнуваат да бегаат и слично. Оваа е четврта амнестија во овој период, а ништо не е направено, вели Панова.