Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денес го искажа ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии што фирми се наоѓаат црната листа на САД.

-Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконити, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите кои што ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби. Ова е приватизација на игрите на среќа и ДУИ за жал, од партија која што се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија коцкарите и казината, вели тој.

Милошоски потенцира: „Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, кој што дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските инвестиции кои што Австрија ги има во овој сектор“.

-Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал.  Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија. Сите тие одлуки се незаконити и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за која што веќе има судски спор против државата Република Македонија, порача тој.