Ватикан е подготвен да направи сè за да посредува и да стави крај на кризата во Украина, истакна папата Франциск.
Во интервју за италијанскиот дневен весник Ла Стампа, папата рече дека е важно да не се откажуваме кога станува збор за помирувањето меѓу Москва и Киев.
– Но, секој мора да се посвети на демилитаризирање на срцата, а потоа смирување, разоружување. Сите ние мора да бидеме пацифисти, рече тој.
– Сакаме мир, а не само примирје што може да послужи само за повторно вооружување. Вистински мир, кој е плод на дијалогот, додаде поглаварот на Римокатоличката црква.