Папата Франциск изјави дека е уверен дека критичарите на неговата одлука да дозволи благослов за истополовите парови на крајот ќе ги разберат тие благослови, освен Африканците кои се „посебен случај“, бидејќи за нив „хомосексуалноста е лоша од културолошка гледна точка“.
Давањето благослов Папата го дозволи минатиот месец со документ, кој предизвика широка дебата во Католичката црква, а особено силен отпор пружија африканските бискупи.
„Тие кои жестоко протестираат припаѓаат на мали културни групи. Африканците се посебен случај, за нив хомосексуалноста е лоша од културолошка гледна точка, тие не ја толерираат“, рече папата Франциск за италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Сепак, тој рече дека верува оти сите постепено ќе ја прифатат одлуката, бидејќи верата „има за цел да биде инклузивна, а не да разделува“.
Фото: МИА архива