Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божик оваа година со цел да им се помогне на Украинците со конкретни гестови на милосрдие.
– Убаво е да се слави Божик и да се слави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божик. Да го прославиме Божик поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно, рече Папата.
Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за земјата.
Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за помош на Украина.