Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.

– Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.