Пратеничката Моника Зајкова од владејачката ЛДП, која е коалиционоен партнер на СДСМ ги повика останатите пратеници да за легализација на истполовите бракови во Македонија.
– Ќе ги повикам моите колеги во Собранието да се одважат, да го ставиме на дневен ред Законот за матична евиденција со којшто ќе ги регулираме назнаките на трансродовите лица. Но, и да одиме чекор понатаму и да размислуваме за давање исти права и на оние коишто живеат во истополови партнерства, рече пратеничката Зајкова за време на Парадата на гордоста, што по третпат се одржа во Скопје.
Таа рече дека многу луѓе даваат поддршка на ова:
– Мене ми е драго што толку луѓе даваме поддршка за достоинството, правдата и еднаквост затоа што и самиот Устав не дефинира како еднакви граѓани на оваа земја. Во 21 век незамисливо е што се уште сведочиме на дискриминации само затоа што некој го живее животот според сопствената определба. За споредба, тоа е како да утре мене некој да ме дискриминира затоа што сум се родила со кафени очи, а не со зелени, рече Зајкова.
Според Зајкова ова не е само протест за дискриминацијата и стигмата туку порака да ги разбуди сите за да разберат дека ЛГБТ заедницата има право на јавниот простор како и сите луѓе. Рече дека како Влада направиле чекор напред со Законот за спречување и заштита од дискриминација и формиравме независна комисија но потребни се уште залагања. Таа додаде дека животот не го гледа меѓу четири ѕида туку секој отворено да шета со својата партнерка или партнер како и сите останати.