Во Париз се одржа вториот протест на Иницијативниот комитет за заштита на човековите права „Шемето“.

Протестoт, како што пренесе Вечер прес, е против дискриминацијата на Бугарите во Република Македонија. Првиот протест беше на плоштадот Парагвај во Париз на 6-ти декември.

Француските безбедносни прописи не дозволуваат странци да се собираат пред амбасадите, па организаторите и полицијата договорија локација во близина на амбасадата на Република Македонија.

Како што е повеќе пати објавувано, во Европскиот суд за човекови права има повеќе пресуди за дискриминација на Македонците во Бугарија кои земјата членка на ЕУ не ги спроведува. А во Македонија, според резултатите од пописите, бројот на Бугари е далеку помал од бројот на тие што протсетираа во Франција за правата на Бугарите во Македонија.