Мораме да ја заштитиме историската вистина, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Георги Парванов, кој заедно со актуелната потпретседателкана, Илијана Јотова, вчера и денеска се во посета на Битола.

– Мораме да ја заштитиме историската вистина. Ќе оставам некои подароци на општествата овде, кои ги издадовме пред една година во Софија, а ќе бидат погодни за приближувањето на годишнината од Илинденско-Преображенското востание. Ова се извештаите на странските амбасадори конзули и дипломати од цела Македонија. Ништо не треба да се додава на овие извештаи. Историската вистина е многу јасно напишана таму во времето кога овој спор меѓу РМ и Бугарија воопшто не се водеше. Бугарија направи многу компромиси, но софискиот најтешкиот компромис ќе биде ако отстапиме од историската вистина, рече Парванов, кој беше претседател на Бугарија од 2002 до 2012 година.

Како што објавивме, вчера Јотова изјави дека повод за посетата е верскиот празник Задушница, за да им оддадат почит на бугарските војници на гробиштата во Битолско.