Во Полска се одржуваат парламентарни избори, на кои, според анкетите, се очекува убедлива победа за Јарослав Качински и владејачката Партија на правото и правдата.

Партијата се очекува да освои повеќе гласови отколку на претходните избори во 2015 година и би можела да освои доволно парламентарни места за сама да формира влада.

Гласачите треба да изберат 460 пратеници за Сејмот (Долниот дом на Парламентот) и 100 членови на Сенатот (Горниот дом на Парламентот).

Избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот по локално време, а првите резултати се очекуваат најрано утре