Граѓаните на Скопје кои ги користат услугите за парно греење на компанијата БЕГ изразуваат револт поради проблемите со греењето.
– Уште големиот студ не стигнал, но грејната сеозна почна пред две недели, обврска е на БЕГ барем во вечерните и утринските часови да ги затоплува домовите, реагираат скопјани кои имаат проблеми со греењето.
Од вчера домовите се со поладни радијатори, рееволтот пожежок и се истура на социјалните мрежи.
– Цела година плаќаме сметки, а кога ќе дојде време да се греат радијаториоте се ладни, велат незадоволните граѓани.
Од БЕГ, пак, појаснуваат дека редуцираното снабдување со топлинска енергија е поради ограничувањето на испораката на природен гас од Бугарија. Од компанијата смируваат дека намалената испорката нема да влијае на конфорот во домовите на потрошувачите.