Руските трупи ја презедоа контролата врз целата територија на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), објави претседателот на ЛНР, Леонид Пасечник.
-Буквално пред два дена пристигна извештај дека територијата на Луганската Народна Република е целосно ослободена – сто проценти, рече тој, пренесен од руските медиуми.
Туските сили во јануари ја презедоа контролата врз градот Новогоровка, во ЛНР, а кон крајот на февруари и врз градот Новољубовка.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов изјави дека украинските вооружени сили контролираат помалку од еден процент од територијата на регионот.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во март дека руските трупи „ослободиле 99 проценти од територијата на ЛНР“.
Воедно, тој додаде дека „повеќе од 70 проценти од териториите на ДНР, Запорожје и Херсон се ослободени“.