Наплатната станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.
Како што соопштија вечерва од АМСМ, патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.
Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.