Свиркачите пред четири години во Македонија беа херои, а денес во „северна“ станаа „народни непријатели“ и уривачи на власта која не води во европскиот рај.

– 2015 година: Не е битно кој е изворот на прислушуваните материјали туку содржината на истите. Тоа се информации од свиркачи кои се од јавен интерес. 2019 година: Да се пронајде изворот и треба кривично да одговара бидејќи е нелегално објавувањето и го попречува ЕУ- патот на СЕВЕРНА, гласи коментарот на Твитер на корисникот со псевдоним Димко Македоничи.

Коментарот доволно говори колку се променило времето и колку сме напреднале на патот кон ЕУ.

А подолнава вест е од 21 мај 2018 година, објавена во порталот Мета:

„Во Европскиот парламент во Стразбур на 29 мај ќе бидат соопштени имињата на добитниците на наградата „Новинари, укажување и бранители на правото на информирање“, која годинава се доделува во чест Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил во октомври лани.

Меѓу номинираните се и Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта во Македонија.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.