Претставници на ОН во петокот рекоа дека руските војници добиле залихи од Вијагра за да ги силуваат и дехуманизираат Украинките, пренесува АФП.

Претставничката на ОН, Прамила Патен рече дека потврдиле повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни приближна до реалната, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

– Кога жените се држат во заробеништво со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за руските војници кои се снабдени со Вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија, рече Патен.

Жртвите се првенствено жени, рече таа, но има и мажи и деца.

Пропагандната војна за Украина, се чини, е еднакво жестока како таа на фронтот.