Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене, и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.
Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по повод неговата инаугурација во Собранието.
-Ќе бидам претседател на сите граѓани. Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг, потенцира Пендаровски кој претходно, пред присутните гости, даде и свечена изјава.
Пендаровски констатира дека во Европа речиси и не постои држава која е толку мала, а толку внатрешно поделена по многу основи од кои, како што истакна, најголемиот дел се политички и во креирани од политичарите.
– Политичките реазлики меѓу луѓето и партиите ќе продолжат да постојат затоа што се природни и нужни, но енергијата и потенцијалот на општеството мораат да бидат обеденити околу неколку стратешки важни работи за кои ќе инсистирам и ќе предложам модели кои ќе бидат засновани на поширок државен консензус.Тука мислам пред се на нашите евроатлантски интеграции за кои на реторичко ниво постои целосна согласност меѓу релевантните политички субјекти, меѓутоа модалетите за нивна реализација во кои веруваме се различни, подвлече Пендаровски.
Тој најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.
-Чувствувам дека моја прва обврска како претседател кој беше предложен од политичкото мнозинство е да го штитам статусот и правата на политичкото малцинство, затоа што демократијата постои само кога различните млацинства во општеството се заштитени од евентуалното самоволие на мнозинството, а за тоа само законите најчесто не се доволни. Како претседател ќе се ангажирам во дипломатските напори за довршување на процесот за наше полноправно членство во НАТО и за време на целиот тек на преговори за членство во ЕУ во кои ќе инсистирам да бидат вклучени најдобрите умови кои оваа земја ги има независно дали доаѓаат од редовите на опозицијата, од невладините организации или од редот на независните експерти. Потоа, тука мислам и на меѓуетничките односи и на балансот меѓу сите етнички заедници што секогаш претставувало столб на нашата внатрешна стабилност и безбедност, дополни шефот на државата.
Според него, во овој сегмент најголемиот проблем бил и останува однесувањето на најголемите полтички партии кои често својата позиција кон меѓуетничките прашања и проблеми ја обликуваат во зависност од тоа дали се наоѓаат на власт или во опозиција.
-Во овој дел ќе барам политичка одговорност и јавно изречените зборови на овие чувствителни теми да не се разликуваат во зависност од тоа дали сме во кампањата или не затоа што тоа кај граѓаните независно од нивната етничка припадност предизвикува вознемиреност, но и драстично го намалува кредибилитетот на сите нас, нинвите избрани политички претставници. Во овој дел најголемата придобивка која мораме да ја чуваме, а за која не сум сосема свесен дека знаеме оти ја имаме, е што после долги години имплементација на Рамковниот договор, припадниците буквално на сите етнички заедници ја нарекуваат Република Северна Македонија нашата дражва што е многу редок феномен на Балканот, напомена Пендаровски.
Нашата држава во наредниов период, рече, има два апсолутни приоритета од чија реализација зависи и нејзината судбина и нејзината иднина. Тоа се постигнување многу повисоки стапки на економски развој од досегашните и нулта толеранција за криминалот, корупцијата и непотизмот.
-Ова второто ја поткопува економијатаи ја намалува довербата на граѓаните во институциите, а второто заедно со првото ја засилува емиграцијат ана малдите и спсообните без кои нашата дражва нема иднина. За успешен одговор и на двата предизвика, и власта и опозицијата и бизнис секторот мора да работат заедно зашто нема просперитет ако најдобрите од генерацијата сакаат да работат исклучиво во државната администрација или си одат оттука, додека во приватниот сектор недостасуваат квалификувани работници, а платите заостануваат зад буџетските, нагласи претседателот.
Се осврна и на односите со сите пет соседи, нарекувајќи ги одлични, како и на регионална соработка која, оцени, е продуктивна.
-Договорите со Бугарија и Грција се позитивен пример како со политичка храброст и со ставањето настрана на историските стереотипи е возможно да се заштитат националните интерести, а во исто време да се промовираат стратешките интереси на државата, укаќа Пендаровски.
Негова цел како прв човек на државата ќе биде и давањето конкретен придонес во поддршка на граѓанскиот сектор и во креирањето амбиент за слободна работа на медиумите.
-Уверен сум дека не треба да постои горна граница за медиумската критика кога станува зобр за известување од работата на јавните личности, рече Пендаровски, дополнувајќи дека е подготвен да трпи критики за неговата работа дури и без аргументи.
Во однос на делот кој спаѓа во директна надлежност на претседателот, Армијата и дел од безбедносно разузнавачкиот апарат, објави дека сите промоции во тие струткури ќе бидат во согласност со законите и професионалните референци на кандидатите, а за највиоските позициии во соработка со Владата, Собранието и опозцијата. Реформата на службите, рече, мора да се одвива според моделот на конституирањето на ОТА за што постоеше консензус и меѓу власта и опозицијата.
-Системските реформи и неопходната кадровска обнова во овие исклучително битни сегменти на државата мора да бидат засновани на поширок политички и експертски консензус зашто е крајно време по 30 години транзиција да изградиме професионални институции чија што работа нема да зависи од промената на власта, потенцира претседателот.