Претседателот Стево Пендаровски денеска во неговиот Кабинет на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги и Повелба на Република Македонија.

Како што информира Прес-службата на претседателот, со Орден за заслуги за Република Македонија ќе бидат одликувани добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата.

Орден за заслуги ќе добие и Стопанска комора на Македонија, за својот 100-годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури.

Со Повелба на Република Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството.