Претседателот Стево Пендаровски денеска ги доставил до Собранието одлуките за прогласување вонредна состојба.

„Во согласност со Уставот, денеска до Собранието за потврдување ги испратив петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона. Одлуките ги донесов во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија“, напиша Пендаровски на Фејсбук.