Има луѓе кои се задолжени за социјалните мрежи, и кои следат што се пишува за Претседателот на државата, вели претседателот Стево Пендаровски во новогодишното интервју за ТВ21.
Тој во интервјуто говори и за пишувањата на социјалните мрежи и на медиумите за него и открива дека тоа го работи тим на луѓе кој секое утро го информираат претсеадтелот за пишувањата на социјалните мрежи.
– Тоа го прави администратор, тој е вработен во кабинетот. Има луѓе кои се задолжени за социјалните мрежи. Формално не го работам директно, но ме информираат што се пишува за мене. Има луѓе и со барања. Не ги читам сите директно, ми даваат секое утро пресек на тоа што се пишувано за мене и во медиуми и на социјални мрежи. Им велам дајте ми ги лошите аргументи. Критики може да има, но мора да има аргумент. Оние кои имаат аргумент, мора да го прочитам за да се поправиме, вели Пендаровски во интервјуто за ТВ 21.
Тој додава дека нема човек кој е имун на коментари и откри дека неговата сопруга влегува и чита коментари.
– Нема човек кој е имун на некои коментари, затоа што задираат во длабоката интимиа. И еден од начините е да не читаш се. И тоа го сугерираме, но сопругата знае скришум да влезе. Синот еднаш влезе и направи лимитирано време на присуство, затоа што забегуваше, но најде начин да заобиколи, изјави Пендаровски.
Видеото може да го отворите ТУКА.