Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е осудена на затворска казна празниците ги минува дома со своето семејство, објави порталот А1он.

Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.

Јанева беше на чело на бившото Специјално јавно обвинителство кое донесе обвиненија за повеќе македонски патриоти, кои добија стотици години затвор.

Привилегијата на Јанева празниците да ги минува дома ја немаат повеќе македонски патриоти кои лежат во затворите во Македонија.

Пред неколку дена, пак, од притвор беше пуштен и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков. Привилегија за користење на одмори, како што е повеќепати објавувано, има(ше) и Кичеец.