Јас сум првиот политичар етнички Македонец кој за својата прва кампања имаше слогани кои беа напишани и на албански јазик, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски.
Тој беше гостин во ТВ Алсат-М и најави дека, здравје Боже, не исклучува кандидатура за втор мандат во 2024 година.
– Јас сум првиот политичар етнички Македонец кој за својата прва кампања имал слогани на албански јазик. Ако се решам да одам повторно, на втор мандат, ќе морам да смислам нешто сосем ново. Ако граѓаните се задоволни од мојот мандат, здравје Боже до 2024 година, се разбира, ако добијам политичка поддршка од коалицијата што ме поддржуваше во претходните два обида, ќе размислам на таа тема и за нов мандат, изјави Пендаровски во интервјуто за ТВ Алсат-М.