Претседателот Стево Пендаровски е активен на Фејсбук со прилози и фотографии од неговиот престој на Светскиот економски форум во Давос.
– Со сопственикот на Манчестер јунајдет, Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот, објави вечерва Пендаровски на својот официјален профил на Фејсбук.
Не е лошо тоа што Пендаровски разговара и за фудбал во Давос, но таму е испратен со пари од граѓаните на Македонија, и веројатно со цел да се бараат решенија за проблемите кои го мачат народот и државата.
Сигурно има многу навивачи на Манчестер јунајтед во Република Македонија. Но, убедливо е многу поголем бројот на граѓани кои од шефот на државата очекуваат поважни теми отколку „тоа што нему му е чест“ да се сретне со газда на клуб, макар тоа бил и Манчестер јунајтед, и од прва рака да дознае кои играчи ќе ги купува, а кои ќе ги продава.
Сепак, фудбалот е најважната споредна работа на светов, а претседателот на држава треба да се занимава со најважните неспоредни работи.
(Д.Г.)