Стево Пендаровски, 30 мај, продолжување на вонредната состојба за 14 дена:
„Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, ќе донесам одлука за нови 14 дена вонредна состојба. Одлуката е поврзана исклучиво со намера Владата и останатите надлежни институции поефикасно да се справат со здравствените, но и со социо-економските ефекти од пандемијата и нема никаква корелација со датумот на парламентарни избори што е предмет на договарање во поинаков политички формат“.
Тоа беше неговата изјава кога ја донесе последната одлука за продолжување на вонредната состојба.
Денеска, истиот тој, го изјави следното:
-Сакам да нагласам дека споредбите што се прават меѓу претходните вонредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини, изјави денеска Стево Пендаровски објаснувајќи зошто не донел одлука за нова вонредна состојба.
Малку лаже Стево Љубави, нели?
Инаку, Пендаровски на 16 април при продолжување на вонредната состојба за 30 дена изјави:
„Јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“