-Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини, изјави денеска Стево Пендаровски објаснувајќи зошто не донел одлука за нова вонредна состојба.

Стево Пендаровски, на 16 април, при продолжување на вонредната состојба за 30 дена изјави:

„Јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“.