Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1676, активни 1040

• Куманово 620, активни 202

• Дебар 56, активни 5

• Штип 232, активни 192

• Прилеп 226, активни 25

• Тетово 336, активни 165

• Струга 115, активни 39

• Велес 149, активни 28

• Битола 30, активни 3

• Охрид 55, активни 38

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 56, активни 33

• Гевгелија 7, активни 3

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 8, активни 2

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 54, активни 23

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 4, активни 3

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 7, активни 6

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 3, активни 3

• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ -142. Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера – (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера сеуште не се завршени сите анкети)

• Чаир-235

• Бутел-88

• Аеродром-87

• Гази Баба-89

• Центар-87

• Карпош-79

• Сарај-75

• Кисела Вода-52

• Ѓорче Петров-39

• Шуто Оризари-29

• Студеничани-25

• Арачиново-30

• Илинден-20

• Петровец-7

• Чучер Сандево-6

• Сопиште-3

• Странец-2

• Неутврден-2