Повеќе земји-членки на НАТО ни дадоа помош во справувањето со епидемијата со COVID-19, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобалната криза, изјави претседателот Стево Пендаровски.

– Како дел од НАТО системот Next generation incident system, имаме поддршка за размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава. Ќе продолжиме со заедничка работа во справувањето со пандемијата на COVID-19, како и организираните кампањи за ширење лажни вести. Да ги здружиме силите, со солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија, објави Пендаровски на својот профил на Фејсбук.