Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство на РС Македонија (ЈОРСМ), ниту постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, реагира Кабинетот на шефот на државата по денеска изнесениот став на ЈОРСМ во врска со изјавата на Пендаровски за случајот „Рекет“.

-Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“, стои во реакцијата.

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.