Пред пет години побарав поддршка од жителите на Дојран ветувајќи дека заеднички ќе одиме напред. Денеска со чист образ можам да кажам дека сѐ што ветив, исполнив, рече Стево Пендаровски денска во Дојран.

И во вториот мандат, ќе работам согласно со барањата и потребите на граѓаните. Ќе се залагам државата напред да ја водат најквалитетните, највештите и најдинамичните, пред сѐ, млади луѓе, без разлика на нивната етничка, политичка или каква било припадност.

„До сега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато”, подвлече Пендаровски.

Во интеракција со граѓаните, Пендаровски беше запрашан за коментар околу обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори, на што Пендаровски одговори дека со тоа Мицкоски јавно го кажува својот страв.

„Немам причина да го бојкотирам вториот круг, зошто ќе ги добијам изборите”, подвлече Пендаровски.