Немам разговарано со Заев, но од она што го гледам во јавноста, мене ми се чини дека во раководството на СДСМ веќе се знае кој ќе биде негов замена, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител изјави дека работата со новиот мандатар и лидер на СДСМ е веќе завршано, односно дека веќе се знае наследникот на премиерот во оставка Зоран Заев.
– Нека не ми замери никој, тоа е од она што можам да го видам од надвор. На таа тема немам разговарано со Заев бидејќи не ми припаѓа таа тема. Неумесно е да го прашам кој ќе биде наместо него, тоа е работа на партиското членство. Но, од она што го гледам во јавноста, мене ми се чини дека тоа веќе се знае во раководството на СДСМ, изјави вечерва Пендаровски.