За жал, тие луѓе, посебно тие шарени револуционери, пред сè, граѓани кои немаат чиста партиска афилијација, ние, јас, ги разочаравме,изјави синоќа при гостувањето на Телевизија 21, претседателот Стево Пендаровски.
Оваа констатција беше дел од одговорот на прашањето дали е задоволен од владеењето на правото во земјава на што тој одговори со „не“.
-Јас бев носител во првата изборна единица и зборував секојдневно дека ’нема правда нема мир‘, со месеци марширавме по улици… Тоа беше главниот слоган на Шарената револуција. За жал, тие луѓе, посебно тие шарени револуционери, пред сè, граѓани кои немаат чиста партиска афилијација, ние, јас, ги разочаравме. Јас не бегам од тоа. Мотивите се многубројни, секој од нас треба да ја земе одговорноста, да се погледнеме во очи, да каже „не испорачавме правда“, вели Пендаровски
Рече дека разговарал со министерот за правда Бојан Маричиќ, и со Љупчо Николовски, и им рекол дека продуцираат методологија за прочистување, стратегија за борба против корупцијата
-Се тоа е добро, но ние изминативе 30 години имаме супер инфлација од документи, нам ни треба практична имплементација на тие документи. Со години тврдам, ние не сме на ова дереџе затоа што немаме добри закони … Законот го има ама законот важи едно за тебе, друго за мене, а за некого ич не важи. Тоа е нашиот проблем, рече Пендаровски.