Претседателот Стево Пендаровски, кој се наоѓа на Светскиот економски форум во Давос, вечерва се јави со нова парола на својот профил на Фејсбук.

– Руската инвазија во Украина е борба на автократијата против демократијата. Демократијата секогаш ќе ја победува диктатурата, објави Пендаровски.

Тој вчера објави дека заминува во Давос „во решавање на светски предизвици“:

– Од денеска учествувам на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос. Одлична можност за размена на мислења и информации во време на глобални предизвици, објави вчера Пендаровски.